Груевски: Според „Бизнис инсајдер“ Македонија има најнизок данок за отворање нов бизнис на планетата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во своето гостување на Сител телевизија зборуваше за извештајот на Бизнис инсајдер, каде Македонија е на првото место во светот со најмали даноци за отворање нов бизнис и единствена земја во која данокот е под 10 проценти.

-Ова што го објави реномираниот Бизнис инсајдер е нешто што подолго време го има Република Македонија, но како да не ни веруваа домашните на сето ова. Стапката од 7,4 е најниска во светот или на планетата како што велат во Бизнис инсајдер, а тоа е одлично затоа што многу компании ќе го видат тоа, компании кои размислуваат за нова локација, па ќе видат дека не само најниски даноци, имаме најниски трошоци, вложуваме во образование, имаме слободни економски зони со помали даноци и редица други работи ги нуди Република Македонија. Тоа е и нешто што заголицнува да се видат и други вредности и бенефиции кои ги дава Македонија, но она за мене што е најважно од се е тоа што низ годиниве политиката на ниски даноци ни даде резултати на економските полиња. Раст на економија меѓу највисоките во Европа. Секогаш сме во првите 4-5 според растот, тоа значи развој на економија. Второ, важно е што имаме ситуација во која имаме сериозен раст на извозот од 1,9 милијарди во 2006 година на 4 милијарди во 2015 и покрај економските кризи. Следна важна работа е што ни донесе инвестиции и нови работни места. Секоја недела имаме новина со нова фабрика, инвестиција, нешто што порано не беше тема кај нас, немаше такво нешто. Се отворија 150.000 нови работни места. Ако имавме 560.000 вработувања во средина на 2006, сега имаме 150.000 повеќе и невработеноста од 38 падна на рекордно ниски 24, 6. Уште треба да се намалува, но никогаш не била пониска. Следа важна работа е што успеавме да го поминеме ова без посериозно зголемување на државниот долг. Ние суфицитите ги искористивме предвремено да се раздолжиме за ако дојде криза да имаме низок долг и економијата да ја одржуваме и да не се презадолжиме. Така и се случи, 2007-8 сериозно задолжување. Стапката на долгот  ја спуштивме на 23 % за потоа кога почна кризата кога фирмите ги изгубија нарачките, кога инвестициите се намалија зашто имаше криза во Европа и светот, ние повлековме економски потези, земавме задолжувања за патишта, железници и капитални инфраструктурни проекти, а да не се презадолжиме. Тоа беше една политика која беше одлично програмирана, даде одлични резултати, невработеноста е драстично намалена и паѓа секој квартал, многу е важно што дојдоа нови компании и имаме раст континуирано, извозот расте и имаме полна економија. Пред нас е само Англија, сите други се зад нас и ова е одлична информација, изјави Груевски.

Политиката на ниски даноци помага многу, особено во намалување на сивата економија, додаде Груевски, потенцирајќи дека неисплатливо е да се краде данок и компаниите не пребегнуваат кон одбегнување на плаќање данок, со што растат приходите на буџетот, а во првата година по воведување на овој данок имаше 20% поголем приход во буџетот со намалени даноци.

 
 
19.03.2016 - 20:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега