Груевски: Претседателите на ДИК од СДСМ немаа никаков проблем со избирачкиот список

СДСМ е во хаос и сака да си создаде алиби за поразот кој ги очекува. Сака да направи привид меѓу граѓаните дека којзнае што се случува со списоците, вели лидерот на владејачката партија, Никола Груевски.

-Со оние списоци со кои во минатото и ВМРО-ДПМНЕ победуваше и СДСМ победуваше и никому тогаш не му пречеше тоа. Со оние исти списоци со кои во последните 8 години нивниот претседател на Државна изборна комисија немаше никаков проблем. Тие имаа 5 претседатели на ДИК и никој од нив немаше проблем со списоците. Сега дојде време бидејќи ги чека таков пораз, после такви година ипол што и приредија на земјата и на граѓаните што не знаат како да излезат со целата оваа работа, рече Груевски.

 

 
 
19.03.2016 - 20:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега