Македонец амбасадор на Албанија во Унгарија

По предлог на Владата, претседателот на Република Албанија Бујар Нишани, за нов вонреден и ополномоштен амбасадор во Република Унгарија го назначи Ариан Спасе, допломат од кариера, етнички Македонец од познато интелектуално семејство.

Ариан Спасе е внук на писателот Стерјо Спасе, еден од најзначајните претставници на современата албанска литература и еден од најуспешните писатели од македонско потекло во Република Албанија. По потекло е од Глобочани, општина Пустец.

Новиот албански амбасадор во Унгарија, Ариан Спасе, бил дел од албанските дипломатски претстваништва во многу држави,меѓу кои и во албанската амбасада во Вашингтон,САД.

 
 
20.03.2016 - 10:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега