Делев: Нови 1.000 вработувања во рударската индустрија

Христијан Делев, заменик министерот за економија на Република Македонија, говореше за реформите во рударската индустрија, како и напредокот постигнат на ова поле.

-Минатата недела заврши електронската јавна аукција за концесија на Злетово и  Тораница и компанија од Бугарија беше со највисока понуда. Процесот трае и во следната недела ќе има официјален концесионер. Понатаму уште една фаза откуп на стечајна маса што треба да ја објави стечајниот управител и ќе се премине кон правење план за рестартирање. Првата фаза ќе почне во јуни и за 3 месеци концесионерот ќе може да ги ангажира поголемиот дел од вработените во овие два рудници. Тоа е многу важно за овој крај бидејќи повеќе од 920 рудари очекуваат да се вратат на работа. Во текот на оваа година уште 2 рудници ќе почнат со градба, Казан Дол и најголемиот во југоисточна Европа, рудникот за злато и сребро на Еуромакс, која е околу 500 милиони евра во отворање на рудникот и очекуваме 1000 луѓе да бидат вработени. Ако досега во историјата на Македонија беа издадени 54 концесии, за овој период имаме издадени 217 концесии за експлоатација и ќе очекуваме да се отворат уште повеќе рудници, истакна Делев.

 
 
20.03.2016 - 20:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега