За 4 години намалена цената на 4.700 лекови

Намалувањето на цената на лековите е една од крупните реформи во здравството.

Ова денеска го истакна директорот на ФЗОМ, Сашо Стефаноски, потенцирајќи дека намалени се цените на 4700 во рок од четири години.

-Преку оваа системска мерка во рок од 4 години се намалени цените на преку 4700 лека во Македонија кои многукратно поевтинија од претходно и се подостапни за граѓаните. Здравствениот систем заштеди преку 33 милиони евра кои ги вложи во реновирање, реконструкција, усовременување на методите и со две мерки кои помогнаа во тоа паралелниот увоз и централизираната набавка на лекови. 43 мил евра заштеда во овие неколку години кои ги користиме многу порационално, потенцираше Стефаноски.

 
 
20.03.2016 - 22:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега