Конференција за положбата на Македонија во услови на мигратската криза

Во Македонската академија на науките и уметностите денеска ќе се одржи конференција на тема „Геостратегиската и геополитичката положба на Република Македонија во услови на мигрантската и бегалската криза“.

На конференција е најавено обраќање на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, како и учество на претставници од државните институции, дипломатскиот кор, академската заедница и од научната и стручната јавност.

Конференцијата е во организација на Центарот за стратегиски истражувања на Македонската академија на науките и уметностите и Институтот за геостратешки истражувања и надворешна политика при Министерството за надворешни работи. Овие две институции во рамки на конференцијата ќе потпишат и меморандум за соработка. 

 
 
21.03.2016 - 08:36
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега