Повици од сите градови во Македонија: На што се жалат Македонците?

На телефонската линија 02/15 123 за медицински совет „Ало докторе“ изминатата недела (од 14 март до 20 март) имало 1.382 повици, соопшти Здравствен дом Скопје.

Од 15 септември 2014 година кога започна да работи телефонската линија, досега, имало 82.708 повици.

Линијата е достапна секој ден 24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на различни симптоми на нарушување на здравјето.

Дваесет и пет доктори се достапни за медицински совет. Повиците се од граѓани од сите градови на Македонија.

Јавувањата се за широк спектар на најразлична симптоматологија, најчесто за зголемен крвен притисок, главоболки, сезонски настинки, симптомна болка, зголемена телесна температура и совети поврзани со хронични болести.

На сите оние лица кои побарале медицински совет на телефонската линија „Ало докторе“ им е дадена здравствена помош со совет и соодветна симптоматска терапија.

 
 
21.03.2016 - 09:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега