Јолевски: Решен статусот на професионалните војници

Министерот за одбрана Зоран Јолевски вечерва на отчетот за сработеното во изминатите 10 години истакна дека е решен статусот на сите поранешни професионални војници.

Тој посочи дека со законски решенија е овозможено војниците кои ја завршиле службата во Армијата на Република Македонија со навршени 35, односно 38 години, да се вработат во државните институции.

– Како министер особено ме радува фактот што голем број државни институции изразија желба да ги примат бидејќи се работи за високо обучени припадници на Армијата на Република Македонија, рече Јолевски.

Осврнувајќи се на Воената академија, министерот Јолевски истакна дека оваа академија не е само за македонските вооружени сили, туку оти на неа се обучуваат и лица од БиХ, Црна Гора и Косово.

Посочи дека за време на мандатот на ВМРО-ДПМНЕ формиран е и Центарот за обука на пилоти, а почнат еи процес за модернизација на Армијата. – Формирани се 12 проектни тимови коишто ги истражуваа потребите на Армијата така што влегуваме во процес на опремување на Армијата, рече Јолевски.

Говорејќи за изградбата на становите за војската, министерот Јолевски рече дека се работи за еден од главните приоритети на Министерството и оти за два месеца ќе почна изградбата. Планирано е во првата фаза да се изградат 36 станови, а веднаш потоа и со изградба на 258 станови.

 
 
21.03.2016 - 09:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега