Чавков: Изградивме силни институционални капацитети во МВР

Во изминатите 10 години години изградивме силни институционални капацитети во Министерството за внатрешни работи кое е способно да одговори на сите безбедносни предизвици и закани, оцени заменик-министерот за внатрешни работи Митко Чавков.

cavkov

Потенцира дека во тој период имало политички амбиент и клима за вистински реформи и за ефикасна борба против организиран криминал и корупцијата. Се спроведоа, рече бројни и мошне значајни акции.

Притоа, како показател на она што е направено тој направи компарација со состојбите и она што се работело до и после 2006 година.

-Во 2005 година имаше во рамките на Министерство расчистено  разбиена една организирана криминална група, Во 2006 имаше две разбиени криминални групи. Во 2007 до 2015 има 183 разбиени криминални групи, Станува збор за широк комплекс на криминални активности од изнуди, од насилство, организиран економски криминал, тероризам, да не ги спомнувам само акциите – „чета“, „планинска бура“, „монструм“, „пуч“, „дива населба“, „келија“… Тоа се безбедносни предизвици на кои сме реагирале навистина на многу ефективен и многу ефикасен начин, рече Чавков при презентацијата на отчетот.

Додаде дека последните истражувањата на Мисијата на ОБСЕ покажуваат оти од 2008 година наваму, постојано има континуиран пораст на процентот на доверба на граѓаните.

-Во 2014 година овој процент изнесува 64 проценти. Значи 64 проценти од населението има доверба во полицијата, а за споредба просек во ЕУ е 42 проценти, истакна заменик-министерот.

Добри резултати рече покажуваат и мерењата и извештаите на други меѓународни организации.

-Извештаите на Транспаренси интернешенл говорат за брзиот напредок и за развојот на МВР, за резултатите кои ги постигнавме. Во 2006 година бевме на 105. место на скалилата за перцепција за корупција, ние успеавме да направиме исклучителен силен прогрес и во 2014 година дојдовме на 64 место, односно за 41 место ја подобривме нашата позиција, рече Чавков.

Во врска со последниот случај за фалсификувани исправи што го откри МВР, Чавков истакна дека се работи за класична криминална организација и здружение кое има широк географски опсег на криминалната активности.

Практично, додаде тој, и овојпат се потврдило дека е евидентна спрегата на одредени политички субјекти, политички структури и класични криминални здруженија, или потпирањето на политички структури на услугите на такви здруженија.

-Уште пред година и пол дена кога беше пласирана информацијата дека МВР наводно печатело фалсификувани патни исправи, се креираше атмосфера на системот на МВР, на професионалните структури во рамки на МВР, рече заменик министерот за внатрешни работи.

Додаде дека случајот сега е во судски процес, во доста напредна фаза. Смета дека набргу ќе има одредено проширување на активностите во врска со овие криминални активности и дека целиот случај ќе добие судска разрешница.

 
 
21.03.2016 - 09:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега