Март ни готви уште еден температурен шок - подгответе ги зимските јакни

Нестабилно време со пороен дожд, грмежи и силен ветер најавуваат метеоролозите за среда и четврток. 

Под влијание на влажна воздушна маса од Медитеранот времето ќе биде променливо облачно и релативно топло со повремени врнежи од дожд. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 70 км/час) и со услови за појава на град. Локално се очекува да наврнат над 30 литри на метар квадратен воден талог.

Во четврток ќе има повремени врнежи од дожд и ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер кој ќе услови позначително опаѓање на дневната температура. На планините врнежите ќе поминуваат во снег.

Утринските температури од среда ќе бидат околу нулата а дневните нема да се искачат над 12 степени.
Од наредната недела повторно разведрување и враќање на пролетните температури.

 
 
21.03.2016 - 12:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега