Мисајловски на терен: Во септември готов регионалниот пат Лажани- Ропотово- Црнилиште

Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Александар Стојановски, денеска извршија увид во реконструкцијата на регионалниот пат Лажани – Ропотово – Црнилиште.

Овој пат во должина од 17 километри кој започна да се реконструира во декември 2015 година, е инвестиција вредна 1.79 милиони евра

misajlovski ropotovo11

-Денеска сум во посета на општина Долнени за да извршиме увид во реконструкцијата на овој регионален пат кој започна да се рехабилитира на крајот од минатата година. Според динамиката на работа очекуваме неговата реконструкција да заврши во септември оваа година, изјави министерот Мисајловски.

misajlovski pat2

Министерот најави дека покрај овој пат во овој регион за кратко време ќе започне изградбата на новиот експресен пат Градско – Прилеп, а во тек е реконструкцијата на регионалниот пат Кривогаштани.

Мисјаловски најави и дека оваа година во Република Македонија ќе отпочнат со изградба уште пет експресни патишта.

misajlovski pat

Министерството за транспорт и врски е пред потпишување на договор за изградба и на канализација за населеното место Ропотово во вредност од 420 000 евра.

Ресорниот министер заедно со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта и градоначалникот остварија средби со жителите на општина Долнени и село Вранче со кој разговараа за тековните проблеми.

 

 
 
21.03.2016 - 14:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега