Зазеленување на општина Илинден по повод Денот на пролетта

Екологијата е еден од приоритетите во работењето на општина Илинден, поради што континуирано се работи на заштита на животната средина. Во тие рамки, по повод Денот на пролетта, се реализираше еколошка акција за зазеленување, пошумување и разубавување на општината.

????????????????????????????????????

Во соработка со ЈКП „Илинден“ и ЈП „Македонски шуми“ беше извршено засадување на дрвца во населбата Јака, како и на локацијата кај пешачко-излетничката патека во Ајватовци.

Рекултивацијата и ревитализацијата на деградираниот простор е дел од акцијата, а со проектот е опфатено уредување, рекултивација и ревитализација на деградиран простор од отпад и од смет, како и целосно обновување на површината.

????????????????????????????????????

Во еколошката акција учествуваа вработените во општинската администрација и јавните прртпријатија, ЈКП „Илинден“ и ЈКП „Водовод“, вработените во средното стручно и трите основни училишта, како и учениците од Општина Илинден.

Малите екологисти од градинката „Гоце Делчев“ се вклучија во одбележувањето на Денот на пролетта, давајќи свој придонес за почиста и поздрава животна средина со засадување на цвеќиња и нови дрвца-лешници и липи.

Den na proletta 2016 (7)

 
 
21.03.2016 - 15:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега