Метеоролозите предупредуваат: Силно невреме доаѓа кон Македонија - ќе донесе ниски температури и снег

Сончево и топло со мала до умерена умерена облачност, кон крајот на денот ќе има зголемување на облачноста и во вечерните и ноќните чсови се очекуваат локални врнежи од дожд во западните делови на земјава.

 Ќе дува слаб до умерен западен и југозападен ветер, повремено ќе се засилува. Највисоката дневна температура на воздухот ќе се движи од 18 до 24 степени.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена умерена облачност, кон крајот на денот ќе има зголемување на облачноста Ќе дува слаб до умерен југозападен западен ветер, повремено ќе се засилува. Највисоката температура ќе достигне до 22 степена.

В среда под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од Медитеранот времето ќе биде променливо облачно и релативно топло со повремени врнежи од дожд. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи, силен ветер и со услови за појава на град. Локално се очекува да наврнат околу 30 л/м2 воден талог.

Во четврток ќе има повремени врнежи од дожд и ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер кој ќе услови позначително опаѓање на дневната температура. На планините врнежите ќе поминуваат во снег.

Потоа се очекува постепено стабилизирање и затоплување на времето.

 

 

 
 
22.03.2016 - 10:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега