Попоски во посета на Тетово

Министерот за надворешни работи Никола Попоски вчера  попладне беше во посета на Тетово.

Тој оствари средби со тетовчани каде истакна дека ВМРО-ДПМНЕ силно се залага за поттик и унапредување на квалитетот на животот на сите граѓани на Република Македонија, подеднакво посветувајќи им внимание на сите региони на државата.

Попоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ работи отчетно, одговорно и домаќински имајќи ја поддршката на граѓаните на Република Македонија.

Во рамки на посетата, Попоски оствари средби со многудетни семејства, со спортските работници од Тетово, млади тетовчани и тетовчанки , претставници на  “Бедем”, а ја посети и населбата Св. Кирил и Методиј.

 
 
22.03.2016 - 11:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега