Овој викенд сите дечиња во ЗОО Скопје - што ќе се случува?

 

Овој викенд, во сабота и во недела, со почеток од 11 и од 12 часот, Арс Ламина, во соработка со скопската зоолошка градина, организира серија работилници на тема „Пчеличката Маја и пријателите: Неверојатни факти за пчелите, бубачките и природата“.

Во рамки на работилниците децата низ игра и забава ќе имаат можност да се запознаат со инсектите и природата. Презентациите ќе ги води Дафина Клековска, биолог, а воедно и уредник во Арс Ламина. Една од целите на оваа работилница е децата, но и нивните родители, да го надминат стравот од инсектите и малите животинчиња и да ги запознаат убавините на природата.

Презентации, квиз на знаење, турнир во едукативни игри, цртање, боење, видео, игри на отворено, сликање со маскота Пчеличката Маја, сертификат за секој учесник, награди и многу други изненадувања ги очекуваат малите посетители на зоолошката градина овој викенд!

 Проект: ЗОО викенд со Маја

РаботилницаПчеличката Маја и пријателите: Неверојатни факти за пчелите, бубачките и природата

Сабота 11.06.2016

11.00-12.00 часот

12.00-13.00 часот

 

Недела 12.06.2016

11.00-12.00 часот

12.00-13.00 часот

 

Овие работилници се дел од проектот „ЗОО викенд со Маја“ што скопската зоолошка градина ги организира заедно со издавачката куќа Арс Ламина, издавач на разни едукативни и забавни изданија со Пчеличката Маја. Во рамки на овој проект, во текот на повеќе викенди во Скопје ЗОО ќе бидат организирани и други работилници и игри за најмладите посетители на зоолошката –медени работилници (инспирирани од „Маја – медениот готвач за деца“), турнири во разни игри (како дел од изданијата со забавни Маја активности) итн.

 

Повеќе информации на Facebook страницата Пчеличката Маја - https://www.facebook.com/pcelickamaja55

 
 
09.06.2016 - 11:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега