Големи промени на Снепчет, корисниците незадоволни

 

Снепчет ја претстави новата опција „Спомени“ која би можела драстично да го промени начинот на кој функционира апликацијата.

До сега „снеповите“ можеа да се прикачуваат само во реално време и да се зачуваат единствено со скриншот, па токму овој начин на функционирање ја издвојуваше апликацијата од морето слични.

Меѓутоа, со новата опција е овозможено чувањето на сликите во апликацијата како и прикачување на стари слики. Многумина сметаат дека токму со оваа промена ќе се уништи она што оваа апликацијата ја правеше посебна- спонтаноста.

Корисниците сметаат дека сето она што се одвивало на апликацијата било приказ на нешто реално и автентично, а сега би можело да се претвори во нов Инстаграм или Фејсбук. На Снепчет никој не сака да види едитирана фотографија од на пример Шпанија пред три месеци, кога за тоа велат постојат бројни други социјални мрежи.

 
 
08.07.2016 - 18:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега