Самсунг прв во светот го промовираше премиум екранот со тизен оперативниот систем

 

Samsung Electronics денеска ја објави глобалната промоција на новата Р-серија на SMART Signage уредите, првите премиум екрани на светот со Tizen оперативниот систем, соопшти Samsung.

Користејќи ги сестраните предности на Tizen платформата со отворен код, како и перформансите и употребливоста, дисплеите од Р серијата, вклучувајќи ги и  PHF моделите(700нит осветлување) и PMF (500нит осветлување, освен 32 инчните екрани) исто така ќе бидат првите што ќе ја имаат подобрената четврта генерација на самсунг платформи со SMART потпис(SSSP 4.0).

„Претставувањето на новата серија Samsung P екрани за дигитално огласување е важен момент за нашето работење, што нашите врвни екрани ги направи уште подобри, со додавањето на Tizen платформата“, рече Сеог-Ги Ким, виш потпретседател на деловната единица Visual Display во компанијата Samsung Electronics.

Тој појасни дека корисниците ќе бидат подобро опремени со екраните со побрзи и сестрани алатки за управување на содржините.

 
 
12.10.2016 - 16:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега