Големо невреме во Чешка - паднато дрво повреди четири лица меѓу кои и деца

 

Вчера силно невреме ја зафати Чешка и предизвика прекин на патничкиот и железничкиот сообраќајот, додека илјадници домаќинства останаа без струја, а паднато дрво на стадион во Брно повреди четири лица, јави МИА.

Меѓу повредените се двајца возрасни и две деца кои се здобиле со помали и средни повреди на главите. 

Во Плзењскиот крај каде беа забележани голем број на молњи и пороен дожд имаше прекин на електричната енергија, а беа евакуирани и неколку летни детски кампови.

Пожарникарите во Прага со полни раце работа, отстрануваа десетина паднати дрвја, а работата на аеродромот „Вацлав Хавел" извесно време беше во прекин и четири авиони за слетување беа пренасочени на друг аеродром. 

Невремето следуваше по пеколните горештини кои ја зафатија Чешка.

ФОТО: Ерепортер

најчитано сега