Груевски: Ќе обезбедиме нови 70.000 работни места до 2020 година, невработеноста ќе ја намалиме под 18%
Никола Груевски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на митингот во Охрид вечерва истакна дека програмата на ВМРО-ДПМНЕ „Реално“ содржи над 500 страници на конкретни проекти, мерки и чекори кои се однесуваат на отворање на можности и помагање на граѓаните.
-До крајот на 2020 година ќе ја намалиме стапката на невработеност од сегашните 24% на 17-18 отсто отворање на нови 70.000 нови работни места во Македонија. Тоа е нашето ветување за наредните 4 години.Докажавме дека знаеме и можеме да го правиме тоа. Ќе ги зголемиме платите во јавниот сектор за 10,25 отсто и пензиите за 10,25 отсто. Социјалната помош на оние на кои најмногу им треба ќе ја зголемиме за 50 отсто, минималната плата до 2020 година постепно ќе расте и ќе достигне 14.000 денари, а во текстилната и кожарската индустрија постепено ќе се зголемува до 13.500 денари, рече Груевски.
Тој посочи дека со цел да се креираат на нови работни места во програмата е предвиден и проект за Рурални развојни зони, во населени места кои се на листата на рурални подрачја, а детално наведени во нашата програма.
-Од инвеститорите ќе се бара минимум 80 отсто од вработувањата да бидат нови вработувања. Во овие зони инвеститорите ќе имаат услови слични, но и повисоки од оние во слободните економски зони, меѓу кои и ослободување од данок на добивка и персонален данок за вработените за период од 10 години, ослободување од царина и ДДВ за увезената опрема за инвестицијата, подетално опишано во нашата програма РЕАЛНО, рече Груевски.
Образложи дека со проектот Рурални развојни зони секој еден кој во наредните 5 години ќе започне градба на фабрика, хотел или на земјоделско дистрибутивен центар во било кое село во Македонија, дури и оние кои се најблиску до градовите, или во градови со помалку од 10.000 жители ќе ги има истите дури и подобри услови од технолошко индустриските развојни зони. Рече дека тоа е шанса која не е дадена во ниту една друга држава во светот и ќе ја искористат многу стопанственици . Уникатен проект кој е голема шанса за Македонија.
-Ова е голема шанса за невработените, колку повеќе се намалува бројот на невработени толку повеќе се зголемува платата . Конкуренцијата ќе расте и ќе има се помалку невработени . Платите на вработените растат во економии во кои се намалува невработеноста, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Најави дека ќе се реализира и проект за рестартирање на стопанските капацитети – Жртви на транзицијата.
-Со цел рестартирање на стопанските капацитети кои беа опустошени во транзицијата во 90-тите, инвеститорите кои ќе стекнат сопственост на имотот на овие друштва кои некогаш работеа а подоцна отидоа во стечај, посебно во 90-те. Оние компании оној што ќе ги купи ќе добијат финсниска подршка ос трана на др/авата за нивно ретартирање , за вработување луѓе во нив и нивно повторно ставање во погон како некогаш кога работеле. Секој оној кој ќе ги добие за секој вработен ќе добие по 2000 евра помош од државата, , а ако вработи стечаец по 4.000 евра. Ќе добие финасиска помош, за адаптација, реконструкција, набавка на машини и опрема, во износ од 10% од инвестираната вредност, максимум 500.000 евра директна помош од државата. Ќе има и ослободувања од плаќање на данок на добивка 2 години, и од персонален данок и социјални придонеси 3 години, доколку вработените ги задржи на работа најмалку уште 3 години, како и други поволности, рече Груевски.
Тој потенцираше дека со новата програма е предвидено и доизградба на започнатите три автопати, а ќе отпочне и изградба на три нови автопати и тоа од Гостивар до Кичево, од Скопје до Блаце и од Требеништа до Струга.
-Во новата програма РЕАЛНО, планираме изградба на 6 нови експресни патишта со 4 ленти. Предвидуваме изградба и реконструкција на над 60 регионални патишта во вкупна вредност од над 140 милиони евра. Дополнително за изградба и реконструкција на локална патна мрежа предвидуваме нови 30 милиони евра. Во делот на модернизација на здравството, во следните четири години ќе набавиме над 3.700 најсовремени медицински апарати и опрема за јавните здравствени установи низ државата, во вредност од 33 милиони евра, рече Груевски.
Најви дека во новата преограма е предвидено и изградба на седумдесет канализациски и водоводни системи, сѐ со цел да се подобри квалитетот на живеење.
– Ќе отвориме на 140 детски градинки, од кои изградба на 100 нови детски градинки, Ќе обезбедиме 600 милиони евра за поддршка на македонските земјоделци преку субвенции и други проекти. Во делот на гасификацијата, предвидуваме изградба на најголемиот дел од националниот гасоводен прстен, на голем дел од дистрибутивната мрежа, како и поврзување со соседите со нови водови. Во следните 4 години предвидуваме изградба, доградба и надградба на повеќе од 18 нови и постоечки училишта во поголеми Општини со постојан раст на деца, а во руралните средини изградба на модуларни објекти. Ова се само мал дел, мал дел од проектите кои ќе ги реализираме, рече Груевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа