Предадена во употреба спортска сала во гостиварската гимназија

По повод Денот на албанската азбука, во средното општинско училиште „Гостивар“ денеска беше предадена во употреба нова спортска сала.

На собирот во салата, покрај учениците кои изведоа пригодна програма, присуствуваа градоначалникот на општината, министрите за правда, локална самоуправа и повеќе лица од општествениот живот.

Градоначалникот Невзат Бејта во обраќањето ја истакна заложбата на локалната самоуправа, овој објект кој започна да се гради во 2005 година, конечно да се заврши.

– Кога почнавме да ја градиме салата, се соочивме со финансиски потешкотии, а потоа друга политичка гарнитура управуваше со општината и тие не сакаа да ја завршат. Еве пред истекот на нашиот мандат, успеавме да го реалзираме ветеното и кончено оваа сала да биде ставена во функција, рече Бејта.

Поголемиот дел од финасиските средства за изградба на салата од општинскиот буџет и со целосното опремување таа ќе чини околу 40 милиони денари.

Новоизградената сала, првенствено е наменета за потребите  на околу 1.500 средношколци од гимназијата и средното медицинско училиште, но во иднина, како што беше кажано ќе се користи и за спортски  и други културни манифестации.

 
 
22.11.2016 - 14:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега