Мраз и студ во Македонија: Температурите екстремно ниски

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус 10 до минус два, а дневната од три до 10 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно сончево. Ќе дува ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до минус осум, а дневната ќе достигне до девет степени.

Следува период на претежно стабилно време со ниски утрински температури. Дневната температура до сабота ќе биде во благ пораст, а в петок и сабота ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд особено во западните делови на земјава. 

 
 
01.12.2016 - 08:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега