Примопредавање на должноста командант на ЗОК

Во касарната „Боро Менков“ во Куманово денеска ќе биде одржано примопредавање на должноста командант на Здружената оперативна команда (ЗОК).

Со указ на врховниот командант на вооружените сили и претседател на Република Македонија Ѓорге Иванов, досегашниот командант на 1.мпбр бригаден генерал Зоран Милески е поставен за командант на ЗОК, додека генерал-мајор Васко Ѓурчиноски е назначен за висок воен претставник на Република Македонија во седиштето на НАТО во Брисел.

На свеченоста ќе присуствуваат заменик началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Мухамет Рацај, генерали во АРМ, претставници од Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ, команданти на потчинетите команди и единици на АРМ и други гости.

 
 
01.12.2016 - 08:19
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега