Идејата за размена на територии повторно на маса: И Ангелов, Георгиевски и Бошкоски се за двојазичност и федерализација

ВМРО-Народна партија со голем интерес ја проследи веста за размена на територии помеѓу државите членки на Европската унија, Белгија и Холандија. Како што пренесоа медиумите во перфектна атмосфера и на свечен начин беше објавена веста за постигнатиот договор што претставува претставува единствен пат за разрешување на меѓународни спорови околу погранични територии на задоволство на двата народи.

ВМРО-Народна партија го поздравува овој договор и ваквиот цивилизациски начин на разрешување на проблемите во церемонијална атмосфера.

„Очекуваме во иднина секогаш да се применуваат исти принципи за брзо решавање на споровите околу територијалните поделби меѓу државите со што ќе се избегнат воени конфликти кои можат да бидат кобни по безбедноста, стабилноста и мирот во регионите и светот.

ВМРО-Народна партија не може а да не ги потсети граѓаните дека во не така дамнешно време во Република Македонија имаше луѓе кои беа со далеку – визионерски сфаќања, пред сите останати тогашни актуелни политичари, околу решавањето на спорни прашања од сличен карактер. Како што гледаме тогаш тие луѓе апсолутно биле во право дека единствено ваквиот начин на разрешување во некое идно време ќе го применуваат и најцивилизирано-развиените демократски држави“, се наведува во соопштението на ВМРО Народна партија.

 
 
01.12.2016 - 16:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега