Трипуновски на средби со производителите на храна во струмичкиот регион

Продолжуваат интензивните комуникации  на ВМРО ДПМНЕ со производителите на храна. Денеска Цветан Трипуновски беше на средби во повеќе населени  места во струмичкиот регион, поконкретно во Босилово, Радово и Иловица.

Во Босилово на средбата со земјоделците беше направена анализа за поддршката на аграрот што ја дава Владата на ВМРО ДПМНЕ и за плановите за идниот период. Посебно е значајно планираното исполнување на проектот за воведување системи капка по капка со што значајно би се зголемила продуктивноста и квалитетот на градинарското производство. Се разбира, стана збор и за финансиската поддршка во делот на субвенциите и набавката на механизација што претпоставува уште позначајна помош, зашто во делот на механизацијата се предвидува набавка со 60% помош од државата.

tripunovski4

Трипуновски зборуваше и за откупот и максималните напори на Владата на ВМРО ДПМНЕ за заштита на производителите од нелојалната конкуренција, но и од несовесните компании кои се присутни на пазарот во делот на преземање  на градинарското производство.

tripunovski3

-Сакам да потенцирам дека ВМРО ДПМНЕ покажа како треба да се грижи и како треба да се поттикнува и да му се помага на македонскиот земјоделец со сите оние мерки коишто ги имавме изминатиов период, и во делот на субвенционирањето и во останатите сфери”. Ова го потенцираше Цветан Трипуновски по завршувањето на средбите  во Босилово, Радово и Иловица, рече Трипуновски.

tripunovski1

Тој посебно се задржа со вработените во млекарницата ,,Здравје,, во Радово. Оваа реномирана компанија е стожер на развојот на сточарството, но и значаен преработувачки капацитет со највисоки стандарди. Во разговорот беа потенцирани патиштата за уште позначаен развој на сточарството во Македонија.

tripunovsk

Трипуновски  на средбите се осврна и на политичката состојба која директно влијае и на работата на производителите на храна.tripunovski

-На секој граѓанин му е јасно што значат релаксирани услови за живот и работа,  кога енергијата нема да се троши на бесмислени, испровоцирани и наметнати односи од страна на СДСМ, наспроти избраните претставници од народот на последните парламентарни избори. Затоа, не треба да има никаква дилема: само 63 пратеници од ВМРО ДПМНЕ во идниот законодавен дом се вистинска гаранција за враќањето во нормален колосек и продолжување на патот на развојот, подвлече Трипуновски.

 
 
01.12.2016 - 16:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега