Груевски најави 2 нови инвестиции во Битола

Две нови компании ќе инвестираат во Битола, најави Никола Груевски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на кандидатската листа во ИЕ4, на митинг во Битола.

-Турска компанија која се занимава со метало-преработувачка индустрија одлучи да инвестира во зоната Жабени. Инвестицијата е од 8 милиони и 600 илјади евра и планираат најмалку 110 нови работни места. Тие веќе имаат купено земја во Жабени, а градбата ќе започне за некој месец, следната година, а стартувањето со производство најдоцна една година потоа.

На оваа инвестиција, додаде Груевски, работеше министерот Џери Наумоф по потекло од битолско и двајца од кабинетот на претседателот на Владата, Данчо Николовски и Слободан Тодоровски, кои заслужуваат честитки.

-Втората инвестиција е нова грчка компанија „Пластики“. Денес не извести дека оваа грчка компанија од областа на производството на изолациони и пластични материјали кои се употребуваат во градежни производи, дека донеле и финална одлука за инвестирање во Биотла со планиран број на вработени, најмалку 150 лица и инвестиција вредна 2 милиони евра. Тие ќе ја реализираат инвестицијата во браунфилд објект наредната година, подвлече Груевски и додаде дека овие две инвестиции се заедно 10 милиони и 600 илјади евра и нови најмалку директни 260 работни места.

 

 
 
01.12.2016 - 21:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега