Собранието денеска ги отвара вратите за граѓаните

Собранието на Република Македонија и денеска ќе биде отворено за посета од граѓаните поради зголемен интерес. Со тоа, како што е наведено во сопштението на собраниската прес-служба, се отвора можност граѓаните да ја разгледаат внатрешноста на зградата како значајно историско обележје на македонската државност.

Посетителите ќе имаат можност да добијат одговор на нивните прашања. 

Македонскиот парламент, вообичаено, е отворен за посета секој последен петок во месецот, а граѓаните кои се заинтересирани потребно е да се пријават на тел. 02/ 3113-683 или на е-маил [email protected], најдоцна пет работни дена пред посетата.

 
 
02.12.2016 - 08:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега