Во Неготино момчето кое го извлече крстот е истото од лани

Никола Весков (29) од село Криволак го фати крстот за Водици во Неготино. По овој повод, доби телевизор од градоначалникот Ванчо Апостолов, МПЦ и црквата „Свети Атанасиј" му подарија икона, а подарок му додели и компанијата "Зегин".  
 
Весков учествува на манифестацијата 11 пат, а прв стигнува до светиот крст вторпат, откако и лани имаше среќа. Toj и градоначалникот на сите им го честитаа празникот Водици и им посакаа здравје, среќа и хармонија во семејствата.
 
Во трката за крстот учествуваа 27 лица, а на положувањеto во реката Вардар кај Пепелишкиот мост присуствуваа жители на Неготино и околните села. Пред тоа се одржа литургија во манастирот „Свети Ѓорѓи".
 
 
19.01.2017 - 14:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега