УХМР најави нови врнежи - нов снежен бран во Македонија

Снежната идила која го зафати Скопје, но и неработниот ден по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, придонесоа граѓаните максимално да го искористат убавото време.  

Од УХМР информираат дека највисоката снежна покривка од 85 сантиметри, изутринава е измерена во Маврово. За утре попладне се најавува затоплување на времето, а нови врнежи од снег и дожд се очекуваат во вторник.

Активни на терен ноќеска биле и екипите на зимската служба на Град Скопје кои во текот на ноќта и утрово фрлиле над 250 тони сол. Сите булевари и улици кои се во надлежност на градот се исчистени и проодни, а зимската служба со луѓе и механизација го чисти снегот и од тротоарите и јавните површини, пренесе Сител.

 

 
 
19.01.2017 - 17:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега