Супер изненадување од Телеком за корисниците
Македонски Телеком подготви извонредни понуди за своите корисници. Со новите подобрени Интернет и ТВ пакети на Македонски Телеком, корисниците го добиваат најстабилниот Интернет за дома, како и најдобрата телевизија, со ексклузивни филмски и спортски содржини. Корисниците можат да ги комбинираат Интернет и ТВ услугите согласно со нивните желби и потреби, а доколку потпишат договор на 24 месеци добиваат и 10 отсто попуст на месечниот надомест.
Со цел на своите корисници да им понуди врвно спортско доживување, од денеска, Македонски Телеком воведува специјална промоција со која спортските ТВ канали Arena Sport 1 – 4 SD и HD се вклучени во месечниот надомест за сите нови корисници на Интернет и ТВ пакетите со избрана опција ТВ M и Интернет M, L или XL кои ќе потпишат договор на 24 месеци. Промоцијата трае до 31.03.2017 година.
Дополнително, за да им овозможи уживање во спортските содржини во кристално јасна слика, во рамките на промоцијата, Македонски Телеком на корисниците им нуди да купат и супер Samsung 32” LED телевизор на 48 рати, по одлична цена од 199 денари месечно.
Освен тоа, Македонски Телеком го подобри и своето Интернет портфолио согласно со корисничките потреби, кое што сега вклучува неограничен Интернет сообраќај и поголеми брзини на пристап.
Со новините, Македонски Телеком на корисниците дефинитивно им го нуди најдобриот избор за целото семејство, односно им овозможува најнапредни услуги со врвен квалитет на најдобрата мрежа во Македонија. Повеќе информации за новините можат да се добијат на telekom.mk, на телефонскиот број 122 или во најблиската продавница на Телеком.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа