Четириесет и девет мигранти предадени на грчките надлежни органи на ГП Богородица

На граничниот премин Богородица денеска во периодот од 8 до 9.30 часот на грчките надлежни органи им се предадени 49 лица, од кои 42 државјани на Сирија и седум државјани на Ирак, соопшти Министерството за внатрешни работи. 

- Целокупната постапка за реадмисија, која е започната во септември 2016 година, е реализирана согласно Договорот меѓу Европската Заедница и Република Македонија за преземање на лица со незаконски престој, а предавањето на лицата е реализирано по претходно добиен позитивен одговор од грчка страна за нивно прифаќање, во време и на место одредени од страна на грчките надлежни органи, наведува МВР во соопштението.

 
 
09.02.2017 - 16:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега