СИТЕЛ: Нов случај на маларија во Македонија

Уште еден случај со маларија потврден денеска на Клиниката за инфективни болести. Тропската болест е дијагностицирана кај 50 годишен тетовец кој бил на привремена работа во афричка земја.Тој е четвртиот заболен  за неполн месец. Веќе е хоспитализиран на Инфективна  и почнал со примање на соодветната терапија. Со неговиот сограѓанин кој пред десет дена почина од оваа тешка болест, заедно биле во Централно африканската Република.

-Кај него е дијагностицирана најтешката форма на маларија. прима лекови и се надеваме ќе биде во добра здравствена состојба. Во епидемиолошката анкета што ја направивме кажа дека почнал но прекинал со примање на антималарична терапија, изјави примариус  Жарко Караџовски епидемиолог во ИЈЗ.

Епидемиолозите и инфектолозите на нога. Загрижени од големиот број на случаи со маларија кои за сега се само увезени. Сител неофицијално дознава дека овие денови вонредно ќе заседава и Комисијата за заразни болести. Ќе дискутираат и ќе бараат решение како граѓаните кои одат на афричкиот континент да бидат заштитени со неопходната антималарична терапија.

-Ние немаме податоци колку наши граѓани се таму. Мора да имаме бројка, да бидат вклучени и други министерства и кога доаѓаат односно се враќаат од афрички земји да поминат на преглед. Мора да знаат каде одат, што ги демне и дека маларијата е тешка болест која не само што прави компликации туку зафаќа и други органи, вели Караџовски.

Од случаите евидентирани оваа година, еден веќе починал а двајца скопјани со маларија биле на лекување во Клиничкиот Центар во Белград. Според статистиката на Институтот за јавно здравје, толку голем број на заболени немало регистрирано изминатите 50 години. 

 
 
09.02.2017 - 17:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега