Ново изненадување од ВИП за сите корисници

 

Операторот ВИП од денеска воведува интерактивна телевизија за сите корисници која ќе овозможи да се враќа програмата назад до седум дена за 50 ТВ канали.

- Корисниците ќе имаат можност да ја паузираат содржината, да ја премотуваат наназад, да ја снимаат во живо или да закажуваат снимање. Со ова Вип го крева нивото на своите услуги за корисниците кои ќе уживаат на начинот на кој сакаат преку супериорната платформа со добар графички интерфејс. Ова е само уште една потврда за нашите заложби да им дадеме на македонските граѓани најголема вредност – изјави денеска извршниот директор на оне.Вип, Димитар Ковачевски.

Сите корисници, кои ќе изберат еден од тарифните модели Вип Комбо ќе добијат бесплатна интерактивна телевизија. Промотивно ќе има три месеци бесплатно користење на видеотеката која содржи филмови Дизни и популарни ТВ серии.

Од Вип објаснуваат дека со оваа новина ќе може телевизиската содржина да се снима на мрежа и таму ќе биде достапна 20 дена, по што може врз неа да се сними друга содржина. 

Може да се снимаат цели серии одеднаш, како и да се снима на надворешен диск. Има можност за родителска заштита на содржината, така што некои канали може да се заклучат со лозинка. Може да се снима до 10 часа материјал.

- Ова се месеци на Вип и секој месец ќе нудиме нешто ново. Со воведувањето на услугата интерактивна телевизија, Вип оди чекор понапред во обезбедувањето напредни технологии за корисниците на пакетите Комбо и можност самите да раководат со програмата која се емитува на достапните ТВ канали – додаде Ковачевски.

Корисниците на Вип Комбо кои имаат техничка можност за интерактивна телевизија може да ја активираат со замена на ресиверот со нов ресивер со еднократен надомест или на 24 рати.

Оваа услуга засега е достапна во Скопје, Битола, Прилеп, Кочани, Гостивар, Радовиш и Велес.

 

 

 

23.02.2017 - 13:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега