Ибрахимовиќ е успешно опериран- ќе му се врати на фудбалот
35-годишниот Ибрахимовиќ заработи оштетување на вкрстените лигаменти на мечот со Андерлехт, повреда поради која го пропушта преостанатиот дел од сезоната, а се стравуваше дека можеби тоа е и крај на неговата кариера.
Неговиот агент, Мино Раиола потврди дека Ибра е успешно опериран и кога ќе се рехабилитира ќе продолжи да игра фудбал.
„Златан Ибрахимовиќ имаше успешна операција на коленото. Тој ќе се врати комплетно, повредата не значи крај на неговата кариера“ – вели Раиола и додава дека Златан е на рехабилитација под надзор на лекарите кои го оперирале.
„Тој и медицинскиот тим не се достапни за интервјуа во моментов. Дополнителни информации ќе следуваат“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа