Стружанец ја нападнал поранешната девојка среде ноќен клуб

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 23-годишниот Е.М.  од село Франгово, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “загрозување на сигурноста”. Пријавениот, на 10.06.2017 година во 22 часот  и 30 минути  во ноќен клуб во Охрид упатил навредливи зборови и сериозни закани по живот на неговата поранешна девојка.

Откако дознал дека неговата поранешна девојка со друштво се наоѓа во ноќен клуб, Е.М. пристигнал во објектот и отишол до масата каде се наоѓала девојката и ги упатил заканите. На тој начин предизвикал страв и вознемиреност кај оштетената и кај другите присутни.

По кратко време, пријавениот заминал по што продолжил да и се заканува со смс пораки на нејзиниот мобилен телефон.

 

 

 

10.08.2017 - 14:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега