Нејмар плачел и молел раководството на Барса да го сопре трансферот во ПСЖ
Најскапиот трансфер во историјата на фудбалот – Нејмар од Барселона во ПСЖ, не поминал без проблеми за бразилската ѕвезда, вели Марка.
Во текот на летото, „принцовите“ ја платија клаузулата за ослободување на офанзивниот фудбалер и тој се најде себеси на „Парк Де Пренс“ за рекордни 222 милиони евра. Во француската престолнина, Нејмар стана и еден од најплатените фудбалери на планетата со плата од 35 милиони евра, но очигледно во последен момент тој ја променил својата одлука и побарал да остане на „Камп Ноу“.
Според мадридското издание, Нејмар имал две средби со претседателот на Барса, Хосеп Марија Бартомеу и со солзи на очите го молел да стори сé за да пропадне зделката. Сепак, ова не се случи и напаѓачот стана фудбалер на ПСЖ, каде се однесуваат кон него како кон крал.
Оваа информација доаѓа во позадина на неодамнешното тврдење на Sport.es дека Нејмар е разочаран од одлуката да заигра за француските богаташи и жали по Барса. Тој ги прашал Лео Меси и компанија дали ќе го вратат назад, иако таквите случувања се чинат невозможни.
Покрај тоа, шпанските медиуми не престануваат да тврдат дека Реал Мадрид ќе стори сé за да го купи Нејмар, чиј договор со ПСЖ е до 2022 година.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа