Делчевец тешко повреден, со 2,28 промили алкохол се превртел со автомобилот
Тешка сообраќајка во делчевско.
- Во17 часот и 30 минути било пријавено дека на магистралниот пат во близина на село Очипала-делчевско, се случила сообраќајна незгода во која 49- годишниот И.С од село Ветрен-делчевско, управувајќи патничко возило „Фиат Добло“ со делчевски регистерски таблици, изгубил контрола над возилото и се превртел- се вели во соопштението од МВР.
По незгодата возачот со возило на Итна медицинска помош бил префрлен во Медицинскиот центар во Штип, каде му биле констатирани тешки телесни повреди и истиот бил задржан на лекување.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Штип, при што било извршено алкотестирање на возачот и било утврдено присуство на алкохол во крвта од 2,28 промили.
Се работи на целосно расчистување на случајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа