Детали за убиството во Гевгелија - брутално го убиле поради мобилен

Две лица се уапсени поради убиството на 41 годишниот Б.Р. од Гевгелија кој вчера околу 7 часот беше пронајден починат со повреди на главата. Се работи за 31-годишниот К.И.и 34-годишниот Р.К. кој му помагал на убиецот.

Според податоците од МВР, случајот со починато лице вчера кај нив бил пријавен од страна на лекар од Итната медицинска помош кој ја констатирал смртта со траги на насилство кај Б.Р.кој бил пронајден во семејната куќа на  Р.К.

Истрагата покажала дека пред два дена во период од 21 до 22 часот, во семејната куќа на Р.К. седеле тој и сега убиениот. Во еден момент дошол првопријавениот К.И. извадил ракија и почнал да го обвинува Б.Р. дека му го украл мобилниот телефон.Набрзо К.И. физички го нападнал Б.Р. во пределот на лицето, а продолжил удирајќи го во главата се до неговата смрт. Потоа двајцата осомничени ги прикриле трагите, а телото го преместиле во друга соба од куќата. Убиецот К.И. си заминал,  а Р.К. останал.

Полицијата по прибирањето на доказите вчера ги привела двете лица, при што кај К.И. осомничен за убиството биле констатирани 4,56 промили алкохол во крвта, осомничениот за помагање Р.К. 2,53 промили алкохол. На двајцата им се земени примероци од крв и урина за дополнителна анализа.

На К.И. и Р. К., двајцата од Гевгелија поднесени им се кривични пријави и одреден им е притвор во времетраење од 30 дена.

 

 

 

22.11.2017 - 10:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега