Удрил во автобус: Страшна сообраќајка пред Основно училиште во Скопје

Околу  08 часот синоќа на булеварот “Никола Карев“ во Скопје пред основното училиште “Битолски конгрес“, се случила сообраќајна незгода меѓу возило “Фолксваген Венто“ управувано од 52-годишниот  Ј.Т. од Скопје и автобус “Ман“ управуван од 49-годишниот Б.С. од Скопје.

По незгодата, уште едно возило управувано од засега непознат учесник удрило во задниот дел од “Вентото“, и веднаш го напуштило местото на настанот.

Во сообраќајката со повреди се здобил возачот Ј.Т. кој со возило на  брза помош бил пренесен во Ургентниот центар каде од страна на доктор му биле констатирани тешки телесни повреди, а по укажаната лекарска помош бил пуштен на домашно лекување. 

 

 

 

22.11.2017 - 13:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега