Драма во Струмица: Го оставила бебето во такси за да ограбува

Во 21 часот и 40 минути синоќа било пријавено дека во Струмица на улицата „24-ти Октомври“, додека 80-годишната Р.М. се движела по тротоар, од зад грб била физички нападната од непознато женско лице, кое и ја одзело чантата и избегало.

Полицијата информира дека ограбената жена почнала да вика за помош и неколку малолетни лица успеале да ја сопрат жената која ја ограбила да влезе во такси возило кое било паркирано во близина, по што и ја зеле чантата и и ја вратиле на ограбената.

Инаку, насилничката имала оставено бебе во такси возилото, го зела со себе и го напуштила местото на настанот. Оштетената забележала дека од чантата и недостасува паричникот, а од нападот се здобила со повреди, по што била пренесена во Јавната здравствена установа-Струмица каде и била констатирана тешка телесна повреда.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

22.11.2017 - 13:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега