Тешка несреќа во Кочани: Прегазил тројца малолетници со автомобилот

 

Во 17 часот и 05 минути во Кочани на улицата „Теодосија Паунов“ се случила сообраќајна незгода во која 24-годишниот М.С. од селото Оризари, управувајќи патничко возило „Форд Фокус“ со кочански регистерски таблици удрил во тројца пешаци, од кои двајца на возраст од 16 и еден на возраст од 17 години.

Во незгодата пешакот на возраст од 17 години се здобил со тешка телесна повреда. Девојчето по укажаната лекарска помош во Јавната здравствена установа-Кочани било префрлено во Ургентниот Центар во Скопје.

Другите двајца пешаци се здобиле со телесни повреди и по укажаната лекарска помош биле пуштени на домашно лекување.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полицијата Кочани.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

 

 

 

22.11.2017 - 14:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега