Необична сообраќајна незгода во Битола

Вчера во 18 часот на улицата “Прилепска“, 51-годишниот  Р.Н.  од Битола управувајќи велосипед во моментот кога минувал крај паркирано патничко возило “Опел Корса“ со битолски регистерски таблици управувано од 42-годишната В.Л. од Битола, удрил во отворената предна врата од возилото додека В.Л. имала намера да излезе од возилото.

Во незгодата велосипедистот се здобил со тешка телесна повреда и тоа фрактура на лев колк, и бил пренесен и задржан на лекување во Клиничката Болница во Битола.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Битола.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

 

 

 

22.11.2017 - 14:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега