Го ваделе со хеликоптер - детали за повредениот на патот Скопје-Велес

Четириесет и седум годишниот О.С. од Скопје е лицето кое е тешко повредено во вчерашната несреќа која околу 10 часот се случи на автопатот Скопје-Велес во близина на тунелот Бадар, откако загубил контрола над автомобилот по што излетал од патот во провалија.

О.С. беше извлечен со хеликоптер и пренесен во Клиничкиот центар во Скопје каде му се констатирани тешки повреди и е задржан на КАРИЛ, пренесе Курир.

Телевизија 24, објави дека повредениот возач е поранешниот прв човек на синдикатот во одбрана и заштита.

 

 

 

23.11.2017 - 09:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега