Драма во Кондово: Ја тепал сопругата додека не се онесвести па избегал со детето

Во 19 часот и 30 минути синоќа, 33-годишната М.С. пријавила дека истиот ден околу 14 часот во нејзиниот дом во селото Кондово, нејзиниот сопруг, 36-годишниот С.А. физички ја нападнал.

Тој ја влечел за коса и ја удирал со раце по главата, лицето и телото. Потоа С.А. го зел нивниот осум годишен син и излегол од домот, а М.С. изгубила свест и нејзините две малолетни деца побарале помош од соседите по што била повикана Итна медицинска помош и таа била пренесена во Градската општа болница“8-ми Септември“ за укажување на лекарска помош.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

 

 

 

23.11.2017 - 13:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега