Изгореа две возила во Скопје

Во 01 часот во Скопје на паркингот на улица „Борис Сарафов“ од засега непознати причини е опожарено и целосно изгорено патничко моторно возило „Опел Астра“ со скопски регистарски ознаки, кое му припаѓа на 38-годишниот Г.Т. од Скопје.

Исто така, делумно е опожарено и патничко моторно возило „Даеву Матиз“ со скопски регистраски ознаки, кое му припаѓа на 35-годишниот Н.С. од Скопје, а било паркирано до “Oпелот“.

Од страна на екипа од Противпожарна единица пожарот е изгаснат, а увид ќе се врши во текот на денот.

 

 

 

23.11.2017 - 14:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега