Седми турнир во мал фудбал „Скопје 2018“

 

Традиционалниот турнир во мал фудбал „Скопје 2018“ годинава ќе започне на 20 мај, а ќе се одржува во спортскиот центар „Ново Лисиче“. 

Годинашниот турнир е организиран од здружението КБС 2012, под покровителство на општина Аеродром. 

Пријавувањето на екипите за турнирот, што се одржува по седми пат, започна на 25 април, а ќе трае до 18 мај. 

Бројот на учесници е строго ограничен, а наградниот фонд ќе изнесува 300.000 денари.

 

 

 

07.05.2018 - 11:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега