Путин го отвори Мундијалот: Сите нас не обединува љубовта спрема фудбалот

 

Познатиот пејач Роби Вилијамс, кој беше централна фигура на церемонијата, ја загреа публиката со своите најпознати хитови, шри што друштво му правеше оперската пејачка од Татарстан, Аида Гарифулина

Пред почетокот на церемонијата, легендарниот шпански голман Икер Касиљас и го покажа на публиката легендарниот трофеј на Светското првенство.

Во 17 часот почнува и првиот натпревар помеѓу домаќинот Русија и Саудиска Арабија од Групата А.

Владимир Путин исто така се обрати и рече:

Овој грандиозен спорстки настан за првпат се случува во Русија и искрено се радуваме на тоа. Во нашата земја не само што е најзастапен фудбалот ѕуку тоа е љубов на прв поглед уште откако е одигран првиот меч во Русија во 1897 година. Направивме се што можеме за овој настан да биде празник на фудбалот. Каде и да живееме и каква и да е традицијата која ја следиме, љубовта кон фудбалот не обединува- рече тој.

 

 

 

14.06.2018 - 17:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега