Новинари се степаа по натпреварот Нигерија- Аргентина

 

По синоќешниот натпреварот на Светското фудбалско првенство 2018 меѓу селекциите на Нигерија и Аргентина (1:2), се случи инцидент во кој учествуваа претставници на медиумите.

-Еден арапскиот новинар се расправаше со својот европски колега, по што почна тепачка. Во инцидентот настрада дел од инвентарот во микс-зоната, објавија руските медиуми.

Сведок на тепачката бил и аргентинскиот репрезентативец Хавиер Маскерано.

Двајцата новинари чии имиња не беа објавени биле отстранети од новинарската зона на стадионот во Санкт Петербург.

 

 

 

27.06.2018 - 09:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега