Трагедија која засекогаш му го промени животот на Субашиќ: Победата ја посвети на загинатиот соиграч
Херојот на Хрватската репрезентација Данијел Субашиќ, секоја победа ја посветува на трагично загинатиот Хрвое Чустиќ, кој загина пред 10 години.
После победата на Данска, голманот погледна кон неботи, а победата ја посвети на својот некогашен играч, Хрвоје, а под дресот носеше маица со ликот на Хрвоје.
- Мојот херој ќе биде со мене, не само на маицата туку и во моето срце- рече неодамна Субашич.
На 29 март 2008 година, Хрвоје трагично настрадал откако на фудбалски меч удрил со глава во бетонската ограда меѓу теренот и трибините. Имал 25 години.
Судбината сакала да баш Субашиќ биде тој да ја шутне топката по која тргнал Хрвоје тој ден.
„Тие двајцата пораснаа заедно, беа како браќа, заедно почнаа да играат фудбал, а Даниејел секогаш го доживував како син“ рекол таткото на починатиот фудбалер.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа