Четворица фудбалери на Барселона бараат нови тимови

 
Четири играчи на Барселона се уште треба да си најдат нови тимови за време на летниот трансфер.
Каталонците се разделија со девет играчи, за кои собраа преку 120 милиони евра, но тимот се уште не е оптимизиран.
Се очекува дефанзивецот Марлон и напаѓачот Пако Алкасер да заминат, а Мунир и Рафиња се уште можат да останат, ако нема доволно добри предлози.
Има голема неизвесност за голманот Јаспер Силесен, но неговата цена изнесува околу 30 милиони евра и досега никој не сака да ги плати, иако има барања за играчот.
Тренерот на Барселона, Ернесто Валерде откри дека имал разговори со  Силесен за неговата иднина во клубот и силно се надева дека Холанѓанецот ќе остане на „Ноу Камп“.
Неговиот договор со тимот е до 2021 година, но во последно време има шпекулации дека тој може да ја смени клупската припадност, бидејќи сака да игра почесто, а во моментот тоа не е можно во тимот на каталонците.
- Точно е дека разговарав со Јаспер, но не можам да кажам точно што си рековме јавно. Овие нешта остануваат меѓу нас, во кујната на тимот, објави Валверде, цитиран од медиумите во татковината Шпанија.
Тој додаде дека тимот има потреба од двајца квалитетни голмани и во моментов ги има, а Силесен е еден од нив. 
- Силно се надевам дека тој ќе остане кај нас и да биде дел од овој клуб и за во иднина. Сметаме многу на него и го цениме исклучително многу, како што постојано сум кажувал, додаде тренерот на шпанскиот шампион.
 

 

 

14.08.2018 - 18:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега