Хендикеп за Вардар и репрезентацијата: Познато колку време ќе паузира Стоилов
Македонскиот ракометен шампион Вардар и вицешампионот Металург ќе ја отворат новата сезона во среда во СЕХА-лигата, а актуелниот шампион се мачи да собере здрава екипа.
Стоилов ќе мора да прави операција на десната дланка, откако ја повреди на турнирот во Стразбур, во дуел со Лука Карабатиќ. Прогнозата од Вардар вели дека ќе отсуствува два до три месеци со комплетна рехабилитација по операцијата, тоа значи дека првиот меч би можел да го одигра дури во декември.
-Стоилов ќе биде надвор од теренот два или три месеци. Чекаме да видиме колку точно ќе отсуствува. Тоа е голем проблем за нас, ќе ни недостасува, откри тренерот Парондо пред дуелот со Металург, пренесе Курир.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа